Трикови за совршени трепки

Објавено: 15 ноември, 2013, во 09:11 часот

Ако имате кратки и ретки трепки,веројатно мислите дека вашите очи не можат да изгледаат крупни и занесни. Меѓутоа со малку маскара и неколку трикови вашите очи ќе изгледаат неодоливо и секси.

1. За почеток изберете маскара која ги продолжува трепките и им дава волумен.

2. Ако сакате вашите трепки да изгледаат погусто,пред нанесување на маскарата долж трепките нанесете црно моливче.

3. Кога нанесувате маскара,со четкичка зафатете ги трепкитеод корен,потоа направете кратко движење лево десно а тогаш продолжете се до врвот на трепките. Оставете првиот слој на маскара да се исуши а потоа нанесете втор слој.

4. За да ги продолжите трепките и да ги завиткате вториот слој на маскара нанесете го додека гледате надоле.

5. Ако имате тенки и чувствителни трепки особено внимателно вадете ја шминката. Одлучете се за производи кои се наменети за симнување на шминката од очите. Шминката внимателно вадете ја да не ги оштетите трепките.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.