Victoria одлучи: ”Се продавам on-line!”
Објавено: 3 октомври, 2013, во 11:06 часот
Колекцијата за пролет/лето 2014 која Victoria Beckham ја претстави на New York Fashion Week ќе се најде во on-line продажба од јануари 2014.
Досега по пат на on-line продажба на службената веб страница www.victoriabeckham.com можеа да се набават само колекциите на секундарната линија Victoria, Victoria Beckham и Iconколекцијата која опфаќа понуда на фустани инспирирани со брендови од бестселерите.
-Првата линија во on-line продажба ќе тргне дури сега бидејќи сакам да направам мали чекори и да се уверам дека се е во ред пред следното. Отсекогаш сакав да направам Icon колекција во мали количини и тоа го направив,но сега научив кои се моите клиентки и што сакаат па време е тоа да им го понудам по пат на webshop и на тој начин да им одговорам на силните прашања и големата побарувачка која ја имам,објаснува Victoria која признава дека е пресреќна поради тоа со оглед на тоа дека нема самостоен бутик и неретко нема контрола над тоа кој и што купува и каде.
Victoria која моментно ужива во Неделата на модата во Париз за сопствена продавница веќе и размислува но уште не знае каде да ја отвори и кога: – Нема уште да зборувам за тоа кога ќе биде но секако дека ќе биде. Додека не отвориме самостоен бутик токму во webshop купувачите ќе можат да ја видат колекцијата со мои очи.
