Балкански мировен фестивал на „Сахара“ во Скопје

Објавено на 1 октомври, 2013 во 08:59

По повод одбележувањето на роденденот на Махатма Ганди и Меѓународниот ден против насилството во Скопје денеска и утре за првпат ќе биде одржан Сахара Балкански мировен фестивал.

Попладнево фестивалот ќе со факел на мирот што низ Скопје ќе го носат македонски јавни личности.

Утре ќе биде одржан добротворен мировен самит.

Организаторите најавуваат присуство на околу педесетина светски лидери поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди и претставници од балканските земји.

Меѓу говорниците ќе биде и поранешниот британски премиер Тони Блер. Фестивалот е спонзориран од Сахара групацијата, под покровителство на Владата на Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.