Парфемот сојузник при освојувањето
Објавено: 21 септември, 2013, во 09:55 часот
Предмет на истражување биле новитетите во парфемската индустрија, а испитувањето е вршено на лица од различни професии, интереси и години.
Се дошло до заклучок дека ако сакате да добиете работа, треба да користите лесни парфеми со цветна нота или мирис на цитрус.
Ако сакате да ја освоите посакуваната личност, изберете слаткоцветни парфеми.
Ако сакате да влезете во дискотека без влезница или да се протнете некаде каде пристапот е ограничен, ставете мирисна нота на пачули или цветни мириси.
Ако сакате да убедите работен партнер или соработник да склучите некој договор, користете освежувачки лесни мириси.
А, ако сакате да го запознате мажот на вашиот живот, ќе ви помогне цветен мирис.
Пробајте, ако целта не успее, секако ќе мирисате убаво!
