Што се носи по улиците на Лондон?
Објавено: 19 септември, 2013, во 07:07 часот
Откако модниот караван од американскиот континент се префрли на британската престолнина на улиците на Лондон можете да видите најинтересни и најоткачени модни комбинации.
Веќе на сите им е познато дека London Fashion Week е најрелаксирана и најинтересна модна седмица а фактот дека Manolo Blahnik и Tom Ford своите колекции поради помала гужва и помпезност одлучија да ги прикажат токму во Лондон ни зборува колку ова случување е токму порелаксирано од оние во останaтите градови.
Со оглед на тоа дека во Лондон е многу студено а и дождот е честа појава,пoсетителките се облечени во слоеви,тренд кој го забележавме се предимензионирани капути со розови нијанси како и карирани примероци кои се голем хит за оваа есен.
