Маска за длабока ревитализација на косата

Објавено: 17 септември, 2013, во 07:18 часот

Третманите за длабока регенерација се користат за да го заштитите надворешниот слој на влакното на косата и да го зголемите нејзиниот сјај.

Потребни состојки:

1 зрело авокадо

1 лажичка маслиново масло

1 лажичка сода бикарбона

Авокадото испасирајте го,додајте ја сода бикарбоната и маслиновото масло и се добро измешајте. Со нежно масирање нанесете ја смесата низ целата коса. Оставете да делува 15 минути и потоа измијте со топла вода и шампон.

Сода бикарбоната ќе ги отстрани од корените на влакното нечистотиите, регенераторите и шампоните. Со тоа вашата коса нема да изгледа како да е залепена за кожата и ќе добие токму дополнителен волумен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.