Природна боја за потемна коса
Објавено: 14 септември, 2013, во 07:52 часот
Овој рецепт за потемнување на косата содржи билки кои можат да се најдат во речиси секоја домашна градина или да се купат на пазар. Подобро дејствува на потемна отколку на руса коса.
Состојки:
1/4 чаша лисје од коприва
1/4 чаша рузмарин
1/4 чаша лисје од жалфија
2½ чаши вода
Подготовка: Ставете ги сите билки во водата и варете ги на ниска температура 30 минути. Оставете да се олади и исцедете ја течноста. Ставете ја течноста во шишенце со распрснувачка пумпичка и оставете го шишенцето во фрижидер. Секој ден, на миена коса нанесете од течноста и оставете така да отстои еден час, а потоа исплакнете ја (ако има потреба да се измие со шампон, измијте ја со шампон, како секое редовно миење на косата). За побрзи ефекти, не плакнете ја косата на крајот.
Во првите денови нема да забележите голема промена, но како што продолжувате да ја нанесувате течноста, така косата постепено ќе потемнува. Повторувајте го ова додека не ја добиете посакуваната нијанса, потоа престанете. Добиената боја почнува да паѓа по неколку недели, по што може повторно да го почнете третманот. Оваа растителна мешавина ќе ви помогне и ако имате првут или проблеми со опаѓање на косата.
