Хрватски Дукат ја превзеде Љубљанска млекара

Објавено: 7 септември, 2013, во 09:46 часот

Хрватската компанија Дукат е нов сопственик на Љубљанска млекара откако малцинските ги пренесоа акциите на најголемиот акционер пренесе Бизнис.хр.

Во соопштението на фирмата пишува дека „ постапката со која се пренесени акциите на малцинските акционери на главниот акционер спроведена е согласно словенечките закони„.

Дукат, кон средината на годината, презеде мнозински пакет акции од 50,3 отсто на Љубљанска млекара, кој беше во сопственост на неколку компании и фондови а потоа преку обврзувачка понуда за откуп на акциите се стекна со уште 46,23 отсто. Дукат во мај, имаше 96,52 отсто од акциите на Љубљанска млекара.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.