Хрватска петти месец бележи намалување на невработеноста

Објавено: 13 август, 2013, во 08:27 часот

Во евиденцијата на Заводот за вработување на Хрватска во јули годинава имало за 0,6 проценти помал број невработени во споредба со претходниот месец. Вкупниот број на невработени изнесува 316.246 Хрвати, пренесува Т- портал.

Сезонските вработувања најмногу влијаат на намалувањето на невработеноста. Според податоците на хрватскиот Завод за вработување, од јануари до јули на сезонските работни места се вработени 37.186 лица, што претставува 27,4 проценти од вкупниот број на вработени лица. Тоа е  за 4.8 проценти повеќе во однос на бројот на вработени на сезонските работни места во истиот период во 2012 година.

Работниците најчесто се вработуваат во туристичките објекти, во угостителскиот сектор, трговијата и преработувачката индустрија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.