Косово и Србија се договорија за телекомуникациите
Објавено: 9 август, 2013, во 16:02 часот
Косово да го добие меѓународен код за повикување 383, додека „Телеком Србија“ да биде задолжен за телефонските услуги во местата каде што живеат Срби. Ваков договор постигнале Приштина и Белград.
Приштинскиот весник „Коха Диторе“ пишува дека телефонските разговори од Косово во Србија ќе се сметаат како внатрешни, а не меѓународни разговори и тврди дека барањето за меѓународен код во име на Косово пред Меѓународната унија за телекомуникации ќе го поднесе една од земјите-членки на Европската унија – Италија, Австрија или Швајцарија.
