Како до совршена шминка на плажа
Објавено: 9 август, 2013, во 08:52 часот
Ова е многу важна работа,ако ставете премногу ќе се топи и ќе се чувствувате лепливо а ако ставете премалку може да се случи да се чувствувате несигурно.Еве го вашиот водич до совршена шминка.
Прв чекор
Наместо вообичаени креми за лице за време на лето користете некоја од кремите кои во себе имаат состојки кои штитат од сонцето а со оглед на тоа дека лицето ви е секогаш изложено на сонце тоа нека ви биде пракса од доцна пролет до доцна есен.
Втор чекор
Ставете проѕирна маскара за да го спречите топењето и валкањето на шминката а златната сенка ќе ви го истакне тенот.
Трет чекор
Доколку чувствувате дека морате да имате некој вид посилна подлога ако имате сува кожа ставете хидратантна тонирана крема а ако кожата ви е мрсна камена пудра.
Четврт чекор
Прескокнете ги лепливите сјаеви за усни и изберете тонирана гроздова маст или балсам за усни во стик. Ова на вашите усни ќе им ја даде правата доза на боја и меко и нежно чувство.
Пет чекор
Фризурата ека ви биде едноставна па носете природни пуштени локни или со гел залижете ја косата наназад за да постигнете изглед инспириран од модните писти.
