Намален кредитниот рејтинг на Хрватска
Објавено: 3 август, 2013, во 09:28 часот
Oд “стабилен“ на “негативен“ Американската агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s“ ја намали прогнозата на кредитниот рејтинг на Хрватска. „S&P“, сепак, притоа го задржа важечкиот рејтинг за долгорочно и краткорочно задолжување во странски и домашни валути на „BB+/B“.
Како што наведува „S&P“, кредитниот рејтинг на Хрватска идната година би можел да биде загрозен, доколку продолжи слабеењето на економијата, се зголеми фискалниот дефицит, а надворешното задолжување стане поголем предизвик, пренесува весникот „Economic Times“.
