Најтренди парче на плажа – монокини
Објавено: 2 август, 2013, во 09:46 часот
Модните вљубенички на плажа и оваа сезона нема сомнеж ќе облечат монокини.
Монокините се еден од најинтересните костими за капење кои можеме да ги видиме на жената- разни отвори во разни димензии,ќе ги нагласат облините кои сакате и секако нема да поминете незабележани на плажа. Меѓутоа монокините се посебен тип на костими за капење – морате да имате затегнато тело и рамен стомак доколку сакате за топлите денови на плажа или базен да ги поминете во ова неодоливо секси парче.
Ако ова лето сте подготвени да испробате нешто ново и поинакво,одлучете се за монокини. Изборот на модел и боја е навистина голем. Пастелни тонови,леопард принт,хавајско цвеќе… Изборот е на вас…
