Шпанија: Машиновозачот со кауција пуштен да се брани од слобода

Објавено: 29 јули, 2013, во 06:39 часот

Машиновозачот на шпанскиот воз, кој пред неколку дена на кривина излета од шините кога загинаа 78 луѓе, обвинет е по 79 точки за убиство од небрижност но бидејки судијата го испрашал е пуштен со кауција.

Судијата му наложил на машиновозачот да се јавува во судот секоја недела, му забранил да ја напушти Шпанија и да управува возови во наредните шест месеци, пишува во соопштението на судот кое го пренесе агенцијата АФП.

Машиновозачот, кој медиумите го идентификуваа како 52 годишниот Франсиско Хосеа Гарсон Амо во петокот одбиваше да одговара на прашања на полицијата од болничкиот кревет па случајот му беше предаден на судот.

Според законот во Шпанија, осомничениот може да биде во притвор најмногу 72 часа пред да разговара со истражен судија.

Машиновозачот кој како што се тврдеше на интернет се фалел со вљубеност во брзина по несреќата во која се здоби со полесни повреди беше во болница под полициски надзор за вчера да биде пуштен и однесен во полициска станица.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.