Пронајдени мртви сопружници во изнајмен стан на Дедиње

Објавено: 27 јули, 2013, во 16:41 часот

Две тела на сопружници денеска околу 10 часот пронашла полицијата од Белград. Телата биле пронајдени во кревет заедно,  во изнајмен стан. На увидот е утврдено дека телата биле во фаза на распаѓање и дека не може да се открие причината за смртта.

Телата ги открила нивна пријателка која имала клуч а се загрижила кога брачниот пар долго не и се јавувал. Според информациите целиот стан бил облеан во крв

Тие во станот живееле под кирија и соседите велат дека не ги познавале бидејќи биле вселени пред само 1 месец, а во тој стан често се менувале станарите.

Засега нема информации од полицијата што е причината за смрта, се претпоставува само дека е можно да се мртви повеќе од 3 дена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.