Кејт и Вилјам со бебето ја напуштија болницата
Објавено: 24 јули, 2013, во 07:50 часот
Британскиот пар Кејт и Вилјам ја напуштија болницата „St.Mary“ држејќи го во раце својот син, кого го претставија на медиумите и на граѓаните во Лондон, кои со часови стоеја и чекаа да го видат наследникот на круната и идниот крал на Британија.
Во моментот на излегување од лондонската болница бебето беше во прегратката на Кејт додека гордиот татко стоеше покрај нив. Принцот Вилјам се шегуваше со новинарите велејќи дека за среќа, бебето личи на мајка му.
– Сигурно секој родител знае дека ова е најубавото чувство. Се уште размислуваме за име. Ви благодариме за се! И среќен сум што тој ја има нејзината убавина,рече Вилјам.
Фотографии на бебето го преплавија целиот свет. Неговото име се уште не е познато, а се очекува одлуката да биде донесена во следните неколку дена.

