Њујоршкиот аеродром „Ла Гуардиа“ ја отвори пистата

Објавено: 23 јули, 2013, во 15:39 часот

Аеродромот „Ла Гуардиа“ во Њујорк ја отвори пистата која беше блокирана поради отежнатото слетување на авион марка „Боинг 737“, кој излета во тревникот поради проблеми со опремата.

Десетмина се полесно повредени во инцидентот кој се случи во понеделникот. Леталото на компанијата „Саутвест ерлајнс“ удри со носот во пистата откако откажаа тркалата за слетување и излета кон тревникот.

Оштетеното летало е преместено во хангар.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.