Синот на газдата на ПИНК усмртил девојка на пешачки!
Објавено: 19 јули, 2013, во 11:33 часот
Синот на газдата на ТВ ПИНК, Жељко Митровиќ, дваесет годишниот Александар, синоќа околу полноќ на раскрница пред телевизијата на пешачки премин прегази и ја усмрти на лице место малолетната девојка А.Б(17г.) и притоа избегал од лице место на настанот недавајќи никаква прва помош на девојката.
Два часа подоцна, сам се пријавил во полициската станица заедно со својот адвокат.
Откако ја удрил девојката, Александар побегнал со голема брзина од местото на несреќата што ја предизвикал.
Дека Александар се движел со голема брзина кажуваат и очевидци од местото на настанот.
