Бугарската полиција денеска апсеше демонстранти!

Објавено: 18 јули, 2013, во 18:33 часот

Бугарската полиција уапси 14 демонстранти меѓу кои и маж кој се обидел да се самозапали. Демонстрантите веќе 35 дена протестираат во Софија против владата на премиерот Пламен Орешарски.

Тие  денеска блокираа дел од центарот на градот и повикаа на 24-часовна блокада на зградата на парламентот.

Демонстрантите  бараат распуштање на парламентот и свикување нови избори. Собраниската зграда е забарикадирана со железни огради.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.