Стил на денот- лесна летна туника!
Објавено: 16 јули, 2013, во 08:38 часот
Туниката е еден од најинтересните предмети за облекување кои задолжително мора да ги имате во својот гардеробер особено во овие летни денови.
Омилени се на многу жени поради својата удобност и леснотија при комбинирање. Особено се популарни во топлите месеци кога дизајнерите им посветуваат големо внимание.
Оваа сезона туниките ни доаѓаат во широка палета на бои а во тренд се цветни или оние инспирирани со ориент стил.
Идеални се за прошетка,работа,излегување и плажа. Не постои парче блека кој може да се носи на толку начини како туниката.
Совршено одат со хеланки,тесни фармерки или панталони со рамни ногавици. Можете да експериментирате со додавање на накит,огрлици и белегзии кои ќе го дополнат вашиот елегантен и софистициран начин на облекување.
