Во Грција генерален штрајк

Објавено: 16 јули, 2013, во 07:29 часот

Во пресрет на гласањето на пакетот-закони за ревизија на државниот сектор, закажано за утре во Парламентот, денеска во Грција се одржува генерален штрајк. Законските измени се условени од меѓународните кредитори за продолжување на финансиската помош.

Наместо на работните места денеска на улица излегуваат општинските службеници ширум земјата на кои им се придружи и атинската полиција одговорна за контрола на непрописно паркирање. Тоа предизвика застој во сообраќајот во центарот на грчката метропола. Не работат и уличините продавачи. Штрајкот ќе трае три дена.

Кон денешниот штрајк ќе се приклучат и вработени во железницата, како и во атинскиот приградски железнички сообраќај и делумно во метро превозот.

И во најголемите градови ќе бидат одржани демонстрации, кои ги организираат водечките синдикати во државниот и приватниот сектор АДЕДИ И ГСЕЕ.

Први на протест на плоштадот Караискаки излегоа општинските службеници, кои ги застапува синдикалната унија ПОЕ-ОТА.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.