Експлодира гасовод во Истанбул!
Објавено: 12 јули, 2013, во 14:01 часот
При изградба на метро линија денеска во Истанбум одекна силна експлозија на гасовод. Експлозијата се случила во 9.30 часот во истанбулскиот кварт Ускудар.
По експлозијата луѓето во паника ја напуштиле областа.
На местото на несреќата пристигнале голем број противпожарни возила. Екипи на истанбулската компанија за транспорт на гас моментално се обидуваат да го спречат истекувањето на гас.
