Стечајците на протест пред влада
Објавено: 4 јули, 2013, во 11:50 часот
„Груевски ќе не гледа почесто на улица за да не мисли дека сите сме умреле“, изјави претседателката на Координативното тело на стечајци, Лиљана Георгиевска.
Скоро половина од стечајните работници веќе се полинати од срцеви или мозочни удари, велат стечајните работници.
Денес по петти пат треба да се најде пред пратениците предлог-законот за стечајците. Тие бараат Владата да го прифати барањето на стечајците и работниците-технолошки вишок да им се даде надоместок. Се работи за 6.000 денари месечно за оние што имаат 15 години стаж и старост од 50 години за жени и 53 години за мажи.
Стечајците најавуваат граѓански немири ако барањата не се профатат.
Л.С.
