Нема доволно праски во Македонија
Рускиот и други северни пазари плаќаат ондапред за сите праски од Македонија.
90 проценти од праските, претежно од Росоман се извезуваат во Русија, Казахстан и од неодамна Полска, дознава Дневник.
Земјоделците велат дека Русите се задоволни од незаменливиот вкус на македонската праска, но нема доволно праски.
„Нема доволно праски колку што имаме побарувачка. Русите бараат неограничени количества. Kолку што ќе има праски, толку. Парите однапред авансно ги пуштаат на сметка како за праските така и за транспортот“ изјави земјоделецот Роберт Стојановски за Дневник.
Праските се откупуваат за 25 до 30 денари за килограм и родот веднаш се исплаќа. Тие се продават на маркетите и пазарите во Русија, каде купувачите веќе го распознаваат брендот од Росоман. Русинот Шунасип Халилов деновиве престојува во Росоман и го надгледува производството и извозот на праските.
Л.С.