Семејството на Јаневски реагира: Тој е мртов и не може да се брани!
На одлуката на Комисијата за лустрација, која одлучи да го лустира авторот на првиот роман напишан на македонски јазик, реагираше семејството на писателот Славко Јаневски.
Во реакцијата за „Нова“ семејството напиша дека реагира, пред сè, поради тоа што одлука е донесена постхумно, односно без право на лично мислење и право на одбрана на Јаневски.
„Со оглед на тоа дека актуелниот наслов на Законот за лустрација се однесува на вршење на јавни функции во моментов или во иднина, затоа што идејата е да се спречи вршење на функција со која би се кршеле човековите права, одлуката на Комисијата да биде лустриран поранешен носител на јавна функција станува апсурдна“, напиша семејството на еден од најголемите македонски писатели.
Јаневски беше признат, респектиран и почитуван македонски раскажувач, романсиер, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. За неговото творештво меѓу другото е напишано :
„ Неговото дело, беше и остана едно видовито, пророчко и истовремено потресно литературно сведоштво за онаа грозоморна игра со македонската национална судбина.“