Пилинг од грејпфрут за кожа без брчки!
Грејпфрутот е надалеку познат по својата улога во губење на килограмите но дали знаевте дека тој помага да добиете поздрав тен.
Кога се применува локално лимонската киселина ги отстранува мртвите клетки .Грејпфрутот исто така содржи алфа хидроксилна киселина- состојка која ја зголемува цврстината на надворешниот слој на кожата тоа значи дека ќе имате помалку брчки.
Во продолжение погледнете еден пилинг од грејпфрут и други состојки кој ќе ви помогне да добиете сјајна кожа.
Потребно состојки :
1 шоља шеќер, 1/4 шоља маслиново масло,2 лажици сок од грејпфрут .
Како да се направи. Измешајте ги состојките,натопете ги прстите со вода а потоа втријте ја смесата на лицето и правете пилинг две минути. После тоа лицето измијте го со млака вода.
Напомена: Ако имате чувствителна кожа или исекотини на лицето можеби не би требало да го испробате овој пилинг бидејќи може да ја иритира вашата кожа.