Едно јаболко на ден!

Објавено на 21 јуни, 2013 во 09:57

Јадењето едно јаболко на ден навистина може да ни помогне поретко да бараме доктор, особено ако станува збор за специјалист за срцеви заболувања. Научниците тврдат дека јаболката го спречуваат втрднувањето на артериите, т.е. појавата на артеросклероза.

Јаболкото е богато со полифеноли – антиоксиданти, кои го намалуваат нивото на ЛДЛ „лошиот“ холестерол, чие дејство се врзува со втврднувањето на артериите и појавата на артеросклероза.

Се смета дека антиоксидантите во јаболкото се поефикасни во заштитата на крвните садови и од тие во зелениот чај и доматите. Некои студии покажуваат дека испитаниците што јаделе по едно јаболко на ден четири недели во континуитет, постигнале исто намалување на нивото на ЛДЛ холестеролот како и оние испитаници што примале капсули со полифеноли.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.