Неодолива долна облека по која мажите ќе излудат!
Објавено: 11 јуни, 2013, во 07:52 часот
Секси долната облека е добар стимулатор а еве и неколку парчиња на кои ниеден маж нема да може да им одолее.
1.Заводничка наметка за елегантни дами
Жените често мислат дека мажите не сакаат наметки но ако го дочекате со свилена наметка под која наѕира секси долна облека вашиот партнер сигурно нема да остане рамнодушен.
2.Бел корсет
Белата боја на интимната долна облека истовремено изгледа и секси и невино па многу мажи едноставно ја обожаваат. Корсетот во бела боја е полн погодок особено ако веќе сте почнале да работите на тенот.
3. Долги чорапи или халтери за холивудски “look”
Доколку сакате на својот сакан да му овозможите вистинско филмско доживување облечете црни чорапи или уште подобро,халтери.
4. Нешто црвено за огнени заводнички
Црвеното секогаш пали. Доколку сакате да разбудете заводничка во себе со црвена долна облека сигурно така и ќе се чувствувате.
5.Секси ноќница за жешки ноќи
Памучните пижамки се секси но свилените или сатенските ноќници сигурно дополнително ќе ги зовријат жешките ноќи.
