Тренди украси за коса!
Објавено: 7 јуни, 2013, во 10:43 часот
Украсите за коса не биле одамна толку популарни како оваа сезона. Директно од модните писти ни стигнуваат многу интересни тренди детали без кои оваа пролет и лето нема да може ниту една трендсетерка.
Изборот е разен -марами,цвеќе во коса,шноли со разни форми и големини ќе и дадат на вашата комбинација привлечен и несекојдневен изглед. Модната куќа Balenciaga ви предлага интересна метална лента за коса додека Louis Vuitton сепак преферира платнени ленти за коса инспирирани од главната актерка во серијата”Gossip Girl”. Dolce&Gabbana сите не освоија со многу шик марамите околу глава а необичните цветови во коса предлог се на модната куќа Rochas. Emilio Pucci,се погрижи за романтичен изглед и понуди интересни шноли за коса.
На вас е да го изберете вашиот омилен украс за коса и да дозволете духот на летото да ја освежи и вашата фризура.
