Невреме попладнево го зафати Повардарскиот регион!
Објавено на 5 јуни, 2013 во 16:06
Во Росоман и Градско врнеше силен дожд проследен со грмотевици и јак ветер.
Патот кои ги поврзува двете општини беше полн со вода и тешко по него се управуваа моторните возила.
Дел од возачите се откажуваа од возење на автомобилите, ги исклучуваа и запираа, на крајот од патот.
Половина час дождот истураше како од крбла а наместа имаше услови за појава и на град.
Силен дожд врнеше и по автопатот од Градско до Велес./A.Д