Како правилно да ја нанесете маскарата?
Објавено: 5 јуни, 2013, во 10:20 часот
Кога ја нанесувате маскарата морате да ги следите правилата за да не ви се создаваат грутчиња и маскарата да не ви остане залепена.
Пронајдовме за вас неколку правила за нанесување маскара.
Маскарата нанесете ја цик-цак како не би ви се случило да ви се залепат трепките.
Кога нанесувате повеќе слоеви на маскара секогаш почекајте да се исуши првиот слој.
За да имате подолги трепки маскарата нанесете ја на коренот на трепките.
Никогаш немојте четкичката од маскарата да ја вовлекувате внатре и надвор неколку пати бидејќи на тој начин побрзо ќе ви се исуши маскарата.
