Домашна маска против првут!

Објавено на 31 мај, 2013 во 10:01

Првутот е чест проблем кој се јавува кај многу луѓе дури и покрај тоа што се внимава. Па и по користење на шампон против првут,разни третмани,ситуацијата со вашето теме не е многу поинаква.

Тие хемиски производи за коса ја прават вашата коса сува и непослушна. Значи,морате да пробате некои домашни лекови за лечење на првутот.

 

Лимон.

Лимонот делува како состојка против првут. Измешајте лимон со топло кокосово масло и нанесете го на косата и темето. Масирајте 10-15 минути и оставете 30 минути. Измијте ја косата со благ шампон.

Јогурт.

Измешајте сок од лимон и јогурт. Употребете ја оваа маска против првут на косата и темето. Оставете 45 минути. Измијте со ладна вода и благ шампон. Јогуртот ја чисти кожата и го отстранува перутот а лимоновиот сок мртвите клетки на кожата. Исто така оваа маска ја омекнува косата и ја прави полесна за обликување.

Лист или цвет од хибискус.

Цвеќето или лисјата од хибискус се многу добри за косата. Можете да ги користите како маска против првут или за зголемување на растот на косата. Сварете хибискус во вода и оставете и да се олади. Додадете млако кокосово масло и масирајте го темето со него 45 минути пред миење на косата. Ова маска го третира првутот,ја чисти кожата и го зголемува растот на косата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.