Берба и чување на краставици!
Пред да ја постигнат максималната големина краставиците се берат во првата фаза на зрелост, како и пред семките да ја постигнат максималната големина и цврстина.Показатели на зрелост кај краставицата се нејзината цврстина и лушпа.
Складирање: Идеалани услови за складирање на краставицата се температура од 10 до 12,5ºС и релативна влажност од 95%, за период од две недели. По ова време ќе почнат да се забележуваат промени во нејзината цврстина, ќе почне да и се собира лушпата како и да пожолтува.
Обично пониските температури од 10ºС вообичаено се користат за време на транспорт (7,5ºС), но изложеноста на овие температури кај краставицата предизвикува појава на повреди од ниските температури како што се на пример собирање на лушпата и појава на болести.
Овој зеленчук е многу чувствителен на присуство на етилен. Се избегнува да се складира и транспортира заедно со банани, дињи и домати.
Микробиолошки болести: Во текот на складирањето бактериите и габите се причина за големи загуби во тежината и квалитетот на краставиците, често предизвикани од ладниот стрес.
Појавата на болестите се контролира со берба пред полна зрелост, избегнување на механички повреди, сортирање со исфрлање на болните и сомнителните главици и правилно пакување со атмосферата за време на складирањето./Б.Н.Т