Лозарите по втор пат ја спречија продажбата на винаријата „Винеа“!
Пропадна вчерашната продажбата на винарската визба “Винеа” од росоманското село Паликура.
Ја запреа лозарите на кои винаријата им должи околу 420 илјади евра. Тоа се пари за предадено и не исплатено грозје кои винаријата им ги должи од лани а има и од неколку претходни години.
Лозариte потврдија дека продажбата ја барала македонска банка која исто како нив имала побарувања од Винеа. Продажбата требало да се случи вчера во канцеларија на извршител но тие дознале и побарале помош од неколку институции кои успеале да ја запрат купопродажната постапка.
Продажбата била одложена за месец до месец ипол дена, време во кое винаријата требало да ги исплати долговите кон лозарите.
Лозарите по втор пат ја спречија продажбата на „Винеа“. Прв пат тоа беше во февруари, годинава. Штом дознаа протестираа пред канцеларијата на извршителот во Кавадарци.
Потоа неколкудневните протести ги префрлија на патот Градско – Прилеп кај Росоман. Тогаш продажбата беше поништена а лозарите добија ветување дека ќе ги добијат парите за продаденото грозје, заклучно со 5 март оваа година./Б.Н.Т