Транспарентни обувки!
Објавено: 23 мај, 2013, во 08:51 часот
Со предзнак на футуристички дизајн, сандалите или чевлите од проѕирен материјал оваа година делуваат многу интересно и се наоѓаат во колекциите на речиси сите светски водечки дизајнери. И не се само обувките туку проѕирни се и чантите.
Кога станува збор за транспарентни обувки постојат модели кои се потполно изработени од безбојна пластика. Така ногата, односно стапалото се гледаат целосно.
Сепак преовладуваат креации на кои се проѕирни само штиклите, дали цели или половина, или само ремчињата или само горниот дел. Одлично се вклопуваат со живописната облека, во интересни дезени или јаки бои, одат секако со џинс.
Но немојте да бидете глуви на едно предупредување на модните стручњаци, бидејќи тоа што низ обувките можеме да ја видиме кожата потпаѓа под минимализам што значи дека треба да избегнувате премногу украси и детали за да останете доследни на минималистички пораки.
