Турција ќе гради трет аеродром!
Објавено: 3 мај, 2013, во 17:31 часот
Ќе биде најголем во државата но и во светот а ќе го гради турски конзорциум составен од пет компании.
Изградбата ќе чини 7 милијарди евра. Аеродромот ќе располага со шест писти и четири терминали.
Турските медиуми пренесоа дека аеродромот ќе биде изграден на површина чии димензии изнесуваат колку 800 фудбалски игралишта.
Во Турција засега најголем аеродром е Ататурк и преку него годишно патуваат 45 милиони патници./A.Д
