Во Флорина се одржа семинар од проектот ЦЕНЕТ!
Во склоп на проектот ЦЕНЕТ, кој е финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка викендов во Флорина, Грција се одржа семинар во организација на Стопанската комора на Флорина.
Претседателот на Стопанската комора на Флорина Сапалидис Савас истакна дека овој проект е многу значаен за двете општини и претставува размена на знаења како и промовирање на туристички производи.
Предавач на семинарот беше Евстатитиос Велисариу кој зборуваше на тема „Развој на туристички производ“ со осврт на почетоците на развојот на туризмот во Република Грција и моменталната состојба во туризмот во оваа држава. Во вториот дел од семинарот имаше излагање и презентација на Илектра Питошка која зборуваше за развојот на туризмот во селото Нивеста.
Инаку на почетокот од месецов во Демир Капија се одржаа три семинари на тема „Културата како туристички производ“, „ Храна и пијалаци“ и „Развој, управување и организација на регионална понуда како туристичка дестинација“.
Проектот претставува база за развој на руралниот туризам во двете општини, воспоставување на мрежи за соработка, како и основа за понатамошни заеднички проекти./Б.Н.Т