Трикови за побујна коса!

Објавено: 29 април, 2013, во 08:30 часот

Многу шампони и производи за коса на кои пишува дека го зголемуваат волуменот содржат силикон кој се лепи на површината на косата и ги здебелува влакната.

Тоа може добро да влијае на цврста и квалитетна коса што убаво се гледа на фризурата на Скарлет Јохансон но тенката коса под неговата тежина паѓа безживотно. Ако сакате да го зголемите волуменот на косата отфрлете ги таквите производи.

Треба да внимавате и кога одбирате шампон. Производите за миење на косата без сулфат се благи па не можат добро да ги измијат остатоците од силикон, затоа косата ќе остане безживотна.

Кога станува збор за подигање на волуменот треба да штедите на регенератор – ставајте го само на врвовите. Не ја вртете главата наопаку додека ја сушите косата, освен на почетокот на сушењето за полесно да ги исушите влакната на темето, бидејќи така само ќе се разлетаат. Со четката дигнете прамен и фенот насочете го кон коренот а потоа долж праменот.

Фризурата на Алиша Кис е пример за кратката коса која не треба да се тапира со чешел туку со рамна четка.

Прамени во две бои за буен ефект

Бојата остава пластичен филм на површината на влакната, стануваат подебели и не ја прават косата тешка.  Добар фризер ќе создаде впечаток на волумен со извлекување на двобојни или дури и тробојни прамени.

Косата се подига со врвовите на прстите

Често ни се заморуваат рацете па не ја сушиме косата до крај. Замотајте ја со голема крпа да ја впие влагата па сушете ја нежно подигнувајќи ја со врвовите на прстите од темето. Кога е речиси сува, ставете пена или гел и формирајте фризура фенирајќи се со ладен воздух. Внимавајте да не ја пресушите косата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.