Мода и екологија – добитна комбинација!
Објавено: 29 април, 2013, во 07:02 часот
Априлското издание на мексиканскиот магазин Elle, посветено е на еколошката мода која оваа сезона одлично ја промовира популарниот бренд H&M,со својата еко-френдли линија Conscious Collection и H&M.
За преубавите фотографии кои ќе се најдат во ова издание на Elle магазинот,задолжен е талентираниот Такахиро Огава, пред чиј објектив се најде и манекенката и светската патничка Мишел Харпер.
На прекрасните фотографии Мишел рекламира цветни украси за коса, фустани, панталони од Conscious Collection и H&M, но и еколошки парчиња на други брендови како Петер Пилото, Кетрин Маландрино и Роберто Кавали.
Резултатите се прекрасни за кои е заслужна стилистката Анџела Естебан Либреро.
