До полни усни со само четири чекори!
Објавено: 28 април, 2013, во 12:02 часот
Не очајувајте ако немате усни како Анџелина Џоли туку научите како само во четири чекори да создадете илузија на полни и сензитивни усни.
Што ви е потребно?
Коректор, молив во боја на усните, проѕирен сјај, светликав сјај и четкичка за руменило
Прв чекор
Нанесете танок слој коректор по работ на долната и горната усна. Коректорот ќе ја рефлектира светлоста и усните ќе ви делуваат пополни.
Втор чекор
Исцртајте го работ на усната со моливче. Слободно одете и над рабовите бидејќи коректорот ќе ја ублажи празнината помеѓу усните и моливот.
Трет чекор
Користејќи ја четката нанесете проѕирен сјај. Можете да употребите и руменило во најомилената нијанса или она како бојата на вашите усни.
Четврт чекор
На средината на долната усна нанесете малку светликав сјај тој исто така ќе ја рефлектира светлината и усните ќе делуваат пополни.
