Велешани собираа пари за операција на малата Тамара Димовска!
Здружението на родители за грижа за здраво поколение годинешната манифестација ја посветија на девојчето на кое му е итно потребна операција за вадење на метална прачка од рбетот.
Како алва одеа продуктите изложени на штандовите на хуманитарната манифестација која ја организираше Здружението за грижа за здраво поколение. За само половина час се беше распродадено од изложените блакца, банички и погачи кои ги зготвија дел од училиштата од градот, невладини организации и организации на жени. Сите со една цел да се помогне во лекувањето на малата Тамара Димовска која боледува од тешко рбетно заболување.
Речиси сите кои ги поканивме се одзваа со што оваа осма по ред манифестација зема масовен карактер. Задоволна сум од продажбата и мислам дека ќе се соберат доволмно пари за достојно велешани да и помогнат на осум годишната Тамара. Можеби сретствата не се големи, се надеваме дека барем малку ќе им олесниме на родителите и ќе придонесеме да се подмират дел од трошоците за операцијата“, рече Иванка Андова, претседател на здружението.
Освен хуманитарна манифестација се одржа и трка низ улиците на градот со која се одбележа 15-от роденден на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение. На неа учествуваа 12 здруженија и ученици од градот кои ја истрчаа 1 км долгата патека./Б.Н.