Фото вест: Тиквешко поплави викендички!
Објавено: 19 април, 2013, во 08:47 часот
Викенд куќите изградени на брегот на Тиквешкото Езеро се под вода.
Интензивните врнежи од дожд во изминатиот период беа причина да се зголеми нивото на езерото. Неколку дена имаше и прелив на водата во преливната шахта на езерото.
Од Водостопанство Тиквеш информираа дека нивото се стабилизира и нема повеќе прелив на вода.
