Продолжен рокот за попис на пчеларниците и доставување податоци!
До 1 мај е продолжен рокот за извршување попис на пчеларниците додека до 15 мај рокот до кога треба да се достават податоци од пописот до ветеринарното друштво, информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Како што велат од таму во понеделник ќе започнат со потпишување на договорите со овластените ветеринарни друштва па пчеларите самите ќе може да го изберат ветеринарното друштво со кое ќе решат да склучат договор.
-„Согласно Законот за ветеринарно здравство, одгледувачот на пчели должен е по негов избор да склучи договор со ветеринарно друштво или пак она е распределено за работа во населеното место,“ информираат од Агенцијата.
Од извршениот попис ветеринарното друштво кое склучило договор со одгледувачот на пчели е должно во електронската база на податоци да ги внесе податоците од извршениот попис но и да ги прегледа пчелните заедници од присуство на Американска чума на пчелното легло.
Со овластените друштва Агенцијата за храна и ветеринарство ќе почне со потпишување на договорите на 22.04.2013 година, по што одгледувачите на пчели ќе може да го изберат ветеринарното друштво со кое ќе го склучат договорот.