Ловџиите од Кавадарци застрелаа волк – крадец на јагниња!
Волк стар околу една година крадел јагниња и е застрелан во селото Марена, кавадаречко. Пред неколку дена жителите на селото се обратиле до ловечкото друштво „Тиквеш“ во Кавадарци и побарале помош за отсрел на два волка кои им правеле проблеми во стадата со овци.
Искасапена била една овца, а друга повредена од налетот на волците.
По добиена дозвола од инспекторатот ловџиите спроведиле хајка и успеале да го отстрелат едниот волк.
„Хајката беше во ловиштето број девет за ситен дивеч викано Ваташа. Оттаму идеа најголемите поплаки од сточарите кои имаат стада овци кои ги пасат во самото ловиште. Им биле заклани неколку јагниња. Во хајката се организиравме дваесетина ловци. Отстрелавме еден од волците кои ги забележавме на терен. Помладиот, стар е околу една година“ рече претседателот на ловечкото друштво „Тиквеш“ , Петар Трајков./ A.Д