ФОТО: Хајди Клум неразделна од момчето Кристен
Објавено на 17 април, 2013 во 18:35
Моделката и телевизиската ѕвезда Хајди Клум е неразделна од своето момче и телохранител, Мартин Кристен. Тие вчера беа видени во познатата кафетерија “Старбакс” во Калифорнија.
Моделката неодамна имаше непријатна случка на Хаваи, каде што за малку ќе настрадаа нејзините деца од надојдени големи бранови. Но дадилката и нејзиното момче успеаја да ги спасат. За среќа нивниот одмор не се престори во кошмар.
Очигледно Клум сега ужива во друштвото на Кристен и не го крие тоа од очите на јавноста.