Како батеријата да трае што подолго !

Објавено: 15 април, 2013, во 07:34 часот

Сакале ли да признаеме или не, но апаратите не вредат ништо ако батеријата во нив не е наполнета. Доколку сакаме таа батерија да трае подолго време и да ни служи верно, треба да се грижиме за неа.

Како? Со помош на неколку едноставни совети. Колку често ги полните своите уреди- лаптоп, мобилен телефон? Дали забележавте дека треба се почесто да ги полните?

За полнењето на преносните уреди најмногу размислуваме кога батеријата е при крај или веќе „вика по струјата“.

Остатокот од времето го игнорираме фактот дека тие уреди имаат батерија која поради се потанките и помали уреди не може да има голем капацитет.

Постојат и такви совети со кои се предупредуваа корисниците да не ги дополнуваат батериите бидејќи така ќе го намалат нивниот капацитет.

Други пак предупредуваа никогаш  да не се дозволи празнење на батеријата до крај а трети пак зборуваа дека батеријата треба да се дополнува секогаш кога се може.

Бидејќи со текот на годините батериите се изменија па така и советите на бројните корисници повеќе не се сигурни еве како треба да се однесуваме со  батерии.

Компјутери

Лаптоп, нотбук, нетбук, ултарбук или нешто друго, нема врска. Во просек литиум јонската батерија во преносниот компјутер има век на траење од 18 до 24 месеци меѓутоа можете да и го продолжите животниот век ако не ја преполнувате.

Имено главен непријател на вашата батерија е високата температура а температурата внатре во преносниот компјутер кој работи неколку часа вклучен во струјата може да достигне и над 40 степени. Батеријата би требало да се држи наполнета помеѓу 20 и 80 насто.

Исто така животот на батеријата може да се продолжи и ако обезбедите добро ладење на вашиот преносен компјутер. Затоа е најдобро батеријата да се полни кога компјутерот не е во употреба.

Иделано би било да се извади батеријата ако компјутерот го користите во канцеларија или дома и директно да го споите со изворот на електрична енергија, на тој начин се спречува прегревање и преполнување на батеријата со што се продолжува нејзиното траење.

Мобилни телефони, камери и други апарати

И овде се применува правилото како и кај преносните компјутери – батеријата нека биде меѓу 20 и 80 насто и подалеку од извор на топлина.

Исто така би требало да се избегнува користење на уредот за време на многу ниски температури бидејќи студот дополнително ќе ја испразни батеријата. Ако поедини уреди не се користат долго време би требало батеријата прво да се наполни на отприлика 40 насто а потоа да се извади од уредот.

Имено батериите сами со текот на времето ја губат енергијата а со делумно полнење ќе се осигура празнењето да не дојде на опасно ниски нивоа од кои не може да се опорави.

Со вадење на батеријата од уредот ја отстранувате можноста за краток спој со кој вашиот уред би бил целосно уништен. Исто така одвреме навреме би требало батеријата да се испразни во целост и потоа да се наполни до крај.

Оваа постапка не влијае толку на нејзиниот капацитет колку на сензорот кој мери колку е полна батеријата и сигнализира кога таа е при крај. Имено тие сензори поради постојаните полнења со текот на времето стануваат непрецизни па треба да се ресетираат како точно би знаеле кога треба да ја наполните батеријата.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.