Стопете ги маснотиите од стомакот и колковите!
Објавено: 14 април, 2013, во 13:33 часот
Од критичните делови на телото: колковите, стомакот, струкот и покрај целиот труд со диети и вежби вишокот килограми најтешко се симнува. Обидете се со оваа диета да ги намалите наслагите од маснотии но, не заборавајте и да вежбате.
Мени за првите две недели на диетата!
Пред појадок: чаша топла вода со лимон
Појадок: кајгана од 2 јајца со спанаќ, зелена пиперка, кромид и магдонос и чаша незасладен сок од брусница.
Ужина: половина од поголем грејпфрут и 20 минути пред ручек чаша незасладен сок од брусница.
Ручек: 100 грама лосос зачинет со лимон и лук, варен морков, зелена салата зачинете со 1 лажица масло од ленено семе.
Прва ужина : 2 чаши незасладен сок од брусница
Втора ужина: 1 јаболко и 20 минути пред вечера чаша незасладен сок од брусница
Вечера: 100 грама печен телешки котлет со малку цимет, чорба од кељ, печени тиквички со каранфилче зачинети со една лажица ленено масло.
Мени за диетата – по две недели
Пред појадок: чаша топла вода со лимонов сок
Појадок: коктел од цеден зеленчук, кајгана од две јајца со 60 грама мисиркини гради.
Прва ужина: пола шол исечкана круша, може и диња, праска, јаболко, пола шол немасно сирење и 20 минути пред ручек чаша незасладен сок од брусница
Ручек: чинија чорба од зеленчук без тестенини, пола шолја интегрален ориз, салата од целер и цревен кромид зачинет со една лажица масло од сусам, јаболков оцет и ѓумбир.
Прва ужина : 2 чаши незасладен сок од брусница
Втора ужина: 1 јаболко, 30 грама моцарела сирење и 20 минути пред вечера чаша незасладен сок од брусница.
Вечера: 120 грама варена риба зачинета со лимон, ѓумбир и црн пипер, варен мороков, 1 помал варен компир прелиен со пола лажиче ленено масло.
