Најстариот човечки предок е риба?!
Објавено: 13 април, 2013, во 11:43 часот
Научниците откриле „неверојатно чуден“ фосил на без вилична риба,коај фрла ново светло на еволуцијата на човекот.Станува збор за риба“euphanerops”, која пливала по морињата пред околу 370 милиони години и била една од првите рбетници кај кои се развиле еден пар израстоци во вид на перки, нозе или раце.
Euphanerops бил долг 10-ина сатиметри и личел на денешната јагула. Д-р Роберт Сансом од Универзитетот во Мначестер вели дека на необичното место каде се наоѓаат перките покажува една важна еволуциска скала.
-„Eufanerops е единствен заради тоа што кај аналниот дел има две перки што значи по едно од секоја страна. До сега аналните перки се видени само кај без виличните риби и тоа само по едно и кај изумрените и кај денешните видови. Староста на eufaneropsa е важна бидејќи датира од времето на длабока еволуциска поделба на вилични и без вилични риби, две главни гранки на рбетници кои денес живеат и како такви претставуваат важна фаза во еволуцијата на спарени израстоци,“ објаснува д-р Сансом.
Тој вели дека не е јасно зошто перките кај овие риби се поставени толку многу назад ниту пак каква предност им давало тоа.
– „Спеак, тие покажуваат дека нашите рани предци рбетници се обидувале да пронајдат разни начини да ги развијат рацете и нозете. Да не го правеле тоа, денес нашите тела би изгледале сосема поинаку,„ вели Сансом.
Д-р Сансом нагласува дека станува збор за интересно откритие, бидејќи невообичаениот пар на перки на необично место кај euphaneropsa зборува во прилог на идејата дека постоел некој степен на развој или еволуциско експериментирање кај некои риби.
