Смотра на млади техничари и природници во Кавадарци!
Стотина ученици од основните училишта во Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија денеска се натпреваруваат на регионалната смотра на млади техничари и природници, што по 15-ти пат ја организира Народна техника Кавадарци и клубот на млади техничари и природници.
Домаќин на ова општинско натпреварување е ООУ „Гоце Делчев“.
„Основците се натпреваруваат во 23 дисциплини. На денешното еднодневно натпреварување учествуваат околу 100 натпреварувачи. За секоја дисциплина има посебна жири комисија. Победниците ќе ја сочинуваат регионалната екипа на републичкиот натпревар што ќе се одржи во Пробиштип наредната сабота“ рече Младен Марковски, секретар на Народна техника Кавадарци.
Смотрата на младите техничари и природници претставува традиционална манифестација на клубовите и финале на активностите во училиштата и Домот на Народна техника, на поле на афирмирањето на техничката култура./ А.Д