Грациозната и елегантна жена привлекува повеќе внимание!
Објавено: 13 април, 2013, во 10:00 часот
Многумина ќе кажат дека убавината е релативна работа и прашање на вкус дали некој ви е убав или не меѓутоа колку и да сте убави доколку не сте грациозни и елегантни убавината едноставно не доаѓа до израз.
Грациозната и елегантна жена привлекува повеќе внимание, затоа дознајте неколку трикови со чија помош вашата убавина ќе засјае во полно светло.
1.Бидете свесни за вашето тело.
Дури и кога седите бидете свесни за своето држење, наведнатиот грб или положбата на нозете можат многу да влијаат на начинот на кој другите ве гледаат. Кога е седењето во прашање немојте одеднаш да седнете на столицата туку полека спуштете се, сигурно дека така ќе изгледате многу поелегантни отколку да “треснете“ врз неа.

2.Часови за танц.
Танцот е најдобар начин да го раздвижите своето тело и да го доведете во ред. Освен добрата линија танцот е одличен за координирање на движењата, што може да ви помогне доколку претерано гестикулирате или не знаете што ќе правите со рацете додека зборувате со другите луѓе.
3.Јога.
Освен што е добара за подобрување на флексибилноста, јогата, ќе направи чудо кога е вашето држење во прашање. Јогата е одлична за постигнување на телесна контрола но и на менталните и физичките способности.
4.Учете од другите.
Сите имаме идоли. Ако се воодушевувате на некоја личност, начинот на кој таа се движи, разговара или ве восхитува нејзината самоувереност едноставно огледајте се на неа и промените ќе дојдат.

5.Начин на комуникација.
Начинот на кој разговарате,но и речникот кој го користите може исто така да го наруши вашиот изглед. Веројатно и сами многу пати сте слушнале како некој вели „убава е ама многу безобразна“.
6.Чекорење.
Потрудете се да чекорите со исправен грб и да правите мали чекори. Размислете пред да го направите првиот чекор и движете се лесно и полетно./Б.Н.Т
Извор: Супер жена
